КАКВА ВРСКА ИМААТ ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ СО РАСИПАНИОТ РАДАР ЗА АВИОНИ? Филипче и СДСМ креваат лажна паника, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Расипаниот радар не само што не ја загрозува безбедноста на патниците туку работата на аеродромот продолжува непречено по утврдени протоколи, информираше ВМРО-ДПМНЕ.

1,123

Венко Филипле и СДСМ намерно креваат лажна паника за наводно нарушена безбедност на скопскиот аеродром. Каква врска имаат партиите со тоа што се расипал радар, што може да се случи на било кој аеродром во светот, прашува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Расипаниот радар не само што не ја загрозува безбедноста на патниците туку работата на аеродромот продолжува непречено по утврдени протоколи. Впрочем ниту една реномирана авиокомпанија која оперира на скопскиот аеродром се нема пожалено ниту откажано од работење. Што се однесува за партизираноста на МНАВ само да потсетиме дека каубојците од ДУИ се тепаа на работно место, а пајташите на СДСМ вработија 70 партиски војници во оваа институција. Затоа на ваквото ширење на паника од СДСМ гледаме како сценарио за кревање на паника слично на палењето на депониите во Скопје од кое што ќар имаат само СДСМ за да ја покријат безидејноста и неспособноста“, информираше ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини