КАКВА ШИРОКА ВЛАДА, КАКВА КОАЛИЦИЈА?! Филипче сака да сподели одговорност за уставни измени со устна поддршка

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги отфрли толкувањата во медиумите дека нуди широка влада или коалиција со ВМРО-ДПМНЕ заради донесување уставни измени.

0

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги отфрли толкувањата во медиумите дека нуди широка влада или коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека неговите ставови се однесуваат на поддршка за европските интеграции и на реформите.

„Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите. Да влеземе во тендер коалицијата на Мицкоски? Од каде некому му падна на памет таква идеја? Ние не преговараме за фотелји и позиции. Ние зборуваме за иднината на Македонија во Европската Унија. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега“, напиша Филипче на Фејсбук.






Тој вчера го повика премиерот Христијан Мицкоски заедно да ги направат уставните измени и при тоа да ја споделат одговорноста за тој чин.

– Имајќи предвид дека, како што била праксата во сите земји — Хрватска, Бугарија и понатаму — кога траеле преговорите, сите партии работеле заедно, сакам да знае дека ја споделуваме одговорноста за било што, што понатаму ќе се случува во текот на преговорите. Иако сум прилично сигурен дека нема да се случи нешто што ќе задира во нашиот идентитет, јазик, култура и така натаму, сепак ја споделуваме одговорноста и заеднички учествуваме во целиот процес на водење на преговорите – предложи Филипче.

Говорејќи од име на својата партија, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во интервју за ТВ 24 му упати контра-понуда на Филипче.

– Еве ви контра-понуда, ајде заедно да се обединиме и да побараме гаранции од ЕУ дека по евентуални уставни измени, Македонија нема да биде блокирана поради билатерални прашања. Можеби ако имаме заедничка позиција може да издејствуваме подобри гаранции. Пренесете му го тоа на Филипче како контра-понуда од нас – рече Лефков.

Поврзани содржини