Каква порака праќа Филипче со инсистирањето Маричиќ да биде претседател на ДИК?

Дали Маричиќ сега е променет или ќе продолжи во исто темпо и начин да работи останува нејасно. Како што е нејасно и дали СДСМ немаше поквалитетен кандидат за важното место прв човек на ДИК или пак Венко Филипче праќа јасен сигнал до домашната и до странската јавност дека не ја напушта старата политика.

169

Со двотретинско мнозинство, Собранието го избра новиот состав на Државната изборна комисија. На предлог на СДСМ (оти опозицијата треба да го води ова тело) за претседател е избран Бојан Маричиќ.

Тој е дипломиран правник на Правниот факултет во Скопје, а последната државна функција му беше во владата на СДСМ како потпретседател за евроинтеграции.






Од тоа време Маричиќ остана запаметен по две работи. Скоро секој ден бараше Македонија да го смени Уставот, како и тоа што силно ја уверуваше јавноста дека нашата земја почнала преговори за пристап кон ЕУ.

Тој на пример пред 3 години вака зборуваше околу македонските евроинтеграции и неговите заложби за тоа:

„Знаеме што правиме и со која цел – за сигурен и добар живот на сите наши граѓани. Сега гледаме дека и ЕУ испорачува“, тврдеше Маричиќ и повторуваше скоро секој втор ден дека Македонија мора да го смени Уставот оти така барале странците.

Тој и останатите во неговата влада прво ветија на ЕУ дека ќе го сменат Уставот, а потоа кога дојде прашањето дали имаат двотретинско мнозинство Маричиќ даде легендарен одговор: „Прашање од милион долари е тоа“.

Дали Маричиќ сега е променет или ќе продолжи во исто темпо и начин да работи останува нејасно. Како што е нејасно и дали СДСМ немаше поквалитетен кандидат за важното место прв човек на ДИК или пак Венко Филипче праќа јасен сигнал до домашната и до странската јавност дека не ја напушта старата политика.

Поврзани содржини