КАКВА ОЦЕНКА ЌЕ МУ ДАДАТ ПРАТЕНИЦИТЕ НА БУЏЕТОТ? Бесими го претстави предлог буџетот на Кимисијата за буџет

ВМРО-ДПМНЕ пред почеток на седницата информира дека поднела 220 амандмани со кои очекува да го подобри лошо планираното во буџетот за следната година.

203

Следната година економскиот раст во земјата се очекува да се забрза и да изнесува 4,6 отсто, бруто-инвестициите да се зголемат за 8,5 отсто на реална основа и да бидат значаен фактор за растот, додека потрошувачката се очекува да се зголеми за 3,1 отсто. инфлацијата е проектирана на 2,4 отсто, рече денеска министерот за финансии, Фатмир Бесими пред собраниската Комисија за финансирање и буџет.

-Вкупните расходи се планирани на 272,4 милијарди денари или 35,2 отсто од БДП, додека вкупните приходи се планираат на 238,9 милијарди денари или 30,9 отсто од БДП, при што дефицитот се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 проценти од БДП, кои единствено ќе се користат за поддршка на позначителниот дел од капиталните инвестиции кои изнесуваат 37,8 милијарди денари, а остатокот ќе се финансира од сопствени приходи – рече Бесими.






Вкупните приходи на Предлог-Буџетот за 2022 година, соопшти Бесими, се планирани на 238,9 милијарди денари и се за 7,4 отсто повисоки од проценетите приходи годинава.

– Само кај даночните приходи за 2022 година кои се планирани во износ од околу 136,5 милијарди денари има зголемување за 10,2 отсто во однос на 2021 година, а при тоа сакам да истакнам дека имаме воведено втора повластена стапка од 10 проценти и повластена стапка на ДДВ за електричната енергија за домаќинствата. Главната цел на даночната политика е обезбедување одржлив економски раст и развој притоа обезбедувајќи правна сигурност за даночните обврзници и редовна наплата на јавните приходи – рече Бесими.

Бесими рече дека буџетот е развоен, а тоа се гледа и од планираните капитални инвестиции.

-Развојната компонента на Буџетот се гледа преку зголемените средства за капитални расходи за околу 27 отсто во однос на 2021 година или 8 милијарди денари повеќе се предвидени во 2022 година за капитални проекти. Капиталните расходи следната година се планираат на ниво од околу 37,8 милијарди денари. Ќе бидат наменети за интензивирање на реализацијата на инфраструктурните проекти, односно за инвестициски вложувања во патната и железничката инфраструктура, енергетската и комуналната инфраструктура, како и капитални инвестиции за подобрување на условите во здравствениот, образовниот и социјалниот систем, земјоделството, културата, спортот, заштитата на животната средина и правосудството – рече Бесими.

 

Поврзани содржини