🎥 КАКВА НЕПРИЈАТНОСТ ДОЖИВЕА ЛАТИНО ДИВАТА! Џенифер Лопез откина прамен од косата среде настап и го фрли на земја
Латино дивата Џенифер Лопез е позната по енергичното танцување додека пее, па во текот на настапот во живо во „Сабота вечер во живо“ (Saturday Night Live), замавна со раката и - извади прамен од косата!
Латино дивата Џенифер Лопез е позната по енергичното танцување додека пее, па во текот на настапот во живо во „Сабота вечер во живо“ (Saturday Night Live), замавна со раката и – извади прамен од косата!
Пејачката целосно го извлекла праменот вештачка коса, го фрлила зад себе и продолжила да танцува и да пее како ништо да не се случило.
Not Jennifer Lopez literally snatching her own wig off 💀 pic.twitter.com/yCP9bEOHNR
— Joey Nolfi (@joeynolfi) February 4, 2024
Додека ја пееше својата нова песна „Can’t Get Enough“, Џенифер Лопез извади прамен од додатоците на косата и го фрли на подот среде кореографијата со жестока енергија. Потоа продолжи да танцува како ништо да не се случило.
Еден корисник на социјалните мрежи ја сподели оваа ситуација, а Лопез доби многу комплименти за нејзината постапка. Но, имаше и такви кои се насмеаа за инцидентот.
„Шоуто мора да продолжи“, „Каква дива“, „Ја сакам! Каков ѕвер е на сцената“, „Апсолутно професионална“, „Изведбата беше толку добра што не ја ни забележав несреќата“, „Кралица “, „Таа добро се справи со ова“, „Изгледа неверојатно“, беа само дел од коментарите.