КАКВА НЕОДГОВОРНОСТ Полицијата откриени 157 пијани возачи за 6 часа
На територија на СВР Скопје санкционирани се 52 возачи, на територија на СВР Битола 23, на територија на СВР Штип санкционирани се 14 возачи.
Во акциска контрола на сообраќајот во период од 23 до 5 часот полицијата откри 157 возачи кои возеле под дејство на алкохол.
МВР соопшти дека сите добиле санкции.
„На територија на СВР Скопје санкционирани се 52 возачи, на територија на СВР Битола 23, на територија на СВР Штип санкционирани се 14 возачи“, се вели во соопштението.
Министерството апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај.