📽 КАКВА НАСА, КАКВИ БАКРАЧИ Српска турбофолкерка објасни дека Земјата е рамна, еве ги нејзините аргументи!

Водителот ја прашал српската пејачка како може сѐ во вселената да биде тркалезно, а само Земјата рамна. Таа одговорила дека таквите прашања не се најважни и наместо тоа постави свое: „Зошто не чувствуваме дека Земјата се врти толку брзо, ако се врти?“

325

Во ерата кога Илон Маск испраќа ракети во орбитата, а Гугл мапс покажува дури и мравка на плажа во Занзибар, српската 40-годишна турбофолк пејачка Андреана Чекиќ одлучи да застане на топката. И буквално, затоа што според неа, таа топка всушност не постои.

Таа беше гостинка на телевизијата Курир и ја презентираше својата теорија за тоа дека Земјата е рамна површина, објави порталот 24 сата.






– Во Библијата, Земјата е претставена како создадена од Бога, нели? Дека е креација, како проект. А овој глобус и сè што ни кажуваат дека е, не се согласувам со тоа. Зошто се промени тоа? Ако Библијата е книга каде што се најголемите, единствените вистини, нели? Мислам дека овој модел на Земјата многу нè оддалечува од идејата за Бог, а со тоа и од идејата за слобода. Ти објасни дека ако не се вртиме околу Сонцето, тогаш Сонцето се врти околу нас заедно – изјавила Андреана.

Потоа водителот поставил прашање.

– И како е можно Сонцето да е тркалезно, Месечината и сè да е тркалезно, а само Земјата да е рамна?  – ја праша водителот.

Таа длабокоумно му одговорила.

– Ова се стандардни прашања кои не се толку важни како нешто друго. Можеби, на пример, зошто не чувствуваме дека Земјата се врти толку брзо? Додека се вртиме околу Сонцето, Сонцето се врти околу нас. Зошто не чувствуваме дека Земјата се врти толку брзо? – објаснила пејачката со реторичко прашање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kurir.rs (@kurir.rs)

Поврзани содржини