КАКВА ЛОЗИНКА МУ ИСПРАТИ СДСМ НА КОЦЕВСКИ? Мицевски прашува дали зад пораката од Митрески се крие закана или поддршка

СДСМ и ДУИ се во очаен и последен обид да го спасат Коцевски, бидејќи само така можат да го заштитат својот криминал, реагираше Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

1,485

Денеска, пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, јавно му порача на јавниот обвинител Љупчо Коцевски дека „од него зависи дали ќе биде со штитот или на него“. Ова не е обична и наивна политичка изјава, ова е опасна и директна порака до Коцевски да остане таму каде што е и да продолжи да ја брани позицијата на СДСМ и ДУИ, наместо да преземе одговорност и да постапува професионално и независно, реагираше Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е порака со која што СДСМ му става на знаење на Љупчо Коцевски дека не смее да помисли да се повлече, не смее да излезе од улогата на ‘заштитник’ и дека мора да продолжи да ги штити нивните криминали со непостапување, молчење и блокирање на секоја правна акција што би ја погодила нивната мрежа. Љупчо Коцевски, со оваа политичка ‘поддршка’ која што ја добива од двоецот СДСМ-ДУИ, се става во позиција да биде симбол на одбраната на криминалните структури и коруптивните шеми кои ја уништија Македонија и ја урнисаа довербата на граѓаните во правосудниот систем. Од друга страна, се поставува прашањето: Дали оваа ‘лозинка’ на СДСМ е порака на поддршка или порака на закана кон Коцевски? Едно е јасно и кристално чисто. Денес маските паднаа, а граѓаните ја дознаа вистината“, напиша Мицевски на Фејсбук.






СДСМ и ДУИ се во очаен и последен обид да го спасат Коцевски, бидејќи само така можат да го заштитат својот криминал, додава тој.

„СДСМ изминатиов период глумеше и манипулираше, но затоа денес НЕ ГЛАСАШЕ ‘ЗА’ интерпелацијата на Коцевски. И токму тука лежи одговорот, зошто ниту еден функционер на СДСМ не е гонет од обвинителството со кое што раководи Коцевски, дури и по една година откако тие во се опозиција. Но веќе нема ‘како до сега’! Нема да дозволиме јавниот обвинител како институција да биде нечија алатка за спас од одговорност, ниту на СДСМ, ниту на ДУИ, ниту на било кој друг политички центар на моќ. Правдата и правичноста ќе победат, а криминалците ќе го добијат заслуженото“, напиша Мицевски.

Поврзани содржини