КАКВА КОРИСТ ИМААТ ПРАТЕНИЦИТЕ АКО ИМ ШТЕТАТ НА РБОТНИЦИТЕ? Синдикатите бараат тие да гласаат за недела неработен ден
Измените на Законот за работни односи се заглавени во собраниската Комисија за труд и социјална политика.
Сојузот на синдикати (ССМ) денеска повторно ги повика пратениците да престанат со политичките игри и да ги изгласаат измените на Законот за работни односи со кои недела треба да биде прогласен за неработен ден.
– Апелираме пратениците да се пребројат и прекалкулираат уште еднаш, што тие губат и каква штета на работникот му прават, а воедно каква штета си прават и тие самите. Ги повикуваме сите кои му мислат лошо на работникот да престанат со политичките игри и пресметки на грбот на оние кои ги гласаат – велат од ССМ.
Измените на Законот за работни односи се заглавени во собраниската Комисија за труд и социјална политика.
Откако ќе поминаат на оваа Комисија, треба да бидат изгласани на пленарна седница.
Предлогот недела да биде неработен ден треба да почне да се применува од 1 октомври.