Каква „конструктивна опозиција“ ти треба …?
Поднаместени и спремни за работа, на маса ја имате отворена местенката од желби и упатства за менување на Уставот, кои, не само поради внесувањето на Бугарите, туку целиот добро-спакуван пакет на уставни промени се спротивни на интересите на македонската држава и македонскиот народ. Не е потребно по којзнае кој пат да ги повторувам на сите познатите последици …
Зошто одбра од црна дупка да ја црпиш политичката силата, бре Нечеснику!, па место да се скрасиш, и со образ да се завртиш спрема народот чии економски и духовни страдања го пробија дното на непристојниот опстанок, ти стануваш се понападен и отворено дрзок во финализирањето на, од твојот претходник отпочнатото, предавство? Сега, каква „конструктивна опозиција“ ти треба, па ја бараш за да нè докрајчиш нас етничките Македонци и државата Македонија? Малку ти беше што на Бугарите им ја продадовте душата македонска за да се китат со неа, и откако им надојде квасецот ја месат и размесуваат …, сега, државата?, матичната татковина на Македонците, со сè нас, откако не избришавте од Егејска и Пиринска Македонија, ја отстапуваш, ја предаваш во сајбилук на една криминална албанска фела која те држи наденат во скутот, со 6%, и со 1% поткрепа од избирачите? Им ја препушташ – да ја управуваат и косовизираат … како што те условија за стапување во коалиција – „без ограничување …“? Свесен си дека Македонија ја уништуваш, претворајќи ја во Апартхејд?
А, беее! – нема веќе неречени зборови за осуда на злото со кое секој ден сè повеќе ни ги покривате очите … до оќорување! Сега, ќе ја ширите криминалната коалиција лажејќи дека со обновена снага од вртикапи ќе нè внесете, и тоа – најбргу … во ЕУ? Суштината на манипулацијата е јасна, како што е јасно зошто ти се брза Намеснику!, да ја довршиш обврската поради која си наместен во власта: – Ти се клати столот, па сакаш со чивија да го подзајакнеш за да раат, тандемски си го продолжите „како досега“ владеењето, и да го скриете обработениот криминал … Инаку, зошто, отстрана „загрижената“ партија за евроинтеграциите, гледајќи ве вас така разлапани, со апетит би се нудела да се напика во власта, да бара 4 интересни министерски места …, над 30 директорски, како можност да го дошири големоалбанското влијание …, но, и да краде и да тендерира … исто како вас? Тоа би бил нивниот придонес за европеизација на Македонија? Посебно кога се знае дека Актуелниот … кој смета – „СЕГА Е ВРЕМЕ ДА ГИ „ТЕСТИРАМЕ“ МАКЕДОНЦИТЕ …“, како министер за здравство се тестираше самиот себе рамно 3 месеци и откако се истестира – ги окачи двојазичните табли на влезот во Државна, натрупа нови „кадри“ по сопствен Балансер, се покачи скалилото на криминалот …, сметајќи дека го даде планираниот партиски придонес во унапредувањето на државата … го напушти министерлукот по нова јагма.
Поднаместени и спремни за работа, на маса ја имате отворена местенката од желби и упатства за менување на Уставот, кои, не само поради внесувањето на Бугарите, туку целиот добро-спакуван пакет на уставни промени се спротивни на интересите на македонската држава и македонскиот народ. Не е потребно по којзнае кој пат да ги повторувам на сите познатите последици …
Ви треба помош? Како криминална „европски“ насочена банда го барате тоа што ви фали? – а, ви фали – како што велите, „конструктивна опозиција“ прилепена како сервис, која обвинувана дека е против евро-интеграцијата каква што вие ја препорачувате, за да се спаси од тој лош глас, со статус на сојузник да ви ги оправда реализираните штетни одлуки, и прикрие сиот криминал, и како најважно – ќе дојде до меѓусебно, од вас барано – ПОМИРУВАЊЕ …, потребно, за да заедно ги извршите промените во Уставот со задоволување на геноцидните барањата од Бугарите и албанските партии. Така, конечно ќе бидете помирени и обединети во последното од Македонци сторено на себе, велепредавство – Од корен ќе го смените конститутивниот лик на државата, за да и формално биде одземена од Македонците. И уште нешто: – По успешно завршена мисија, ќе следи: – исчезнувањето на најголемата македонска опозициска партија од политичката сцена …
Тоа е целта на твоја предавничка агенда Намеснику!, и на проширувањето на коалицијата, со која се надевате да ја подшиете дупката од која истечувате. Ви треба и затка …, како таква ви одговара најголемата македонска опозициска партија. Затоа, вие од дома, и од Западот, неодговорно и неаргументирано вршите притисок врз најголема опозициска партија и нејзиниот водач, со тоа и на бројниот народ застанат зад таа партија со формиран став од кој не смее да се отстапи, да „попушти“ и да се даде согласност за промени во Уставот … Тоа значи – нема подвинување на волјата на забеганата група предавници од власта, чија цел е да си овозможат продолжен мандат …, а што ќе биде со државата и Македонците на кои сè живо и диво е настрвено, и тоа во неговата држава … воопшто – не е интересно.
Деновиве дури и висок европски функционер (нивните имиња веќе не се ни за споменување) како гостин, дома им се закани на опозицијата: – „да размисли за одговорноста … тие се дел од ЕПП која ги смета уставните измени НЕОПХОДНИ!“. Притоа, ја обвини дека води „тактичка игра да ја стават Владата во тешкотии … да ѝ направи проблеми, без да ги има предвид, а мора, интересите на државата.“ Обвинувајќи ја најголемата опозициска македонска партија за антидржавна политика?!, додавајќи дека со своето недавање амин да се отвори Уставот „го отежнува патот на вашата земја за членка во ЕУ“, тој, како авторитет, со наредбодавен став и јасен говорен истап, отворено ја заштити и поткрепи криминалната власт, без да се вознемири дека изврши сериозен, недопуштен и силеџиски притисок врз легитимно право на опозицијата, а со тоа и врз Македонците. Таа негова лична недоличност не заслужува друг коментар, освен кратката осуда – Срамота!
Сега, за денес ни се најави и претседателот на Германија, кој исто како на времето Меркел што нè излажа и натера да го смениме името, демек, потоа ќе нè примат во ЕУ, и овој господин со иста почит спрема нас ќе ни се обрати, но овој пат со барање да го смениме Уставот, како гарант за прием …
Значи, врвниот безобразлук од устите на неодговорните Западни нечесници, изгледа ќе нема крај, а со тоа и заканите, присилата, лагата … На сите нив нашиот Устав им е главна окупација, како да тој е главна фалинга во државава. Сите се настрвуваат на нас и никој од нив не ја споменува некоректноста на Бугарија, која отворено врши геноцидни притисоци врз Македонците. Никој од нив не ја повика да спроведе барем една од многуте пресуди за оспорените човекови права на Пиринските Македонци, или, да помогнат и во Бугарија да се отворат македонски културни клубови, туку, без личен перис се залагаат да ги заштитат бугарските фашистички интереси, и тоа со голема фанфара … А, кај е тука Америка? Дали повторно, заднински ќе проработи Калето …, како со 8-те пратеници, кои со „разговор“, тогашниот амбасадор ги натера да гласаат за промена на името?
Одамна знаеме дека ЕУ и САД се сведени на бирократи. Сите тие се од збирот искорумпирани силеџии, професионалци од Лигата на загрижени за себе политички терористи, чија намера е со секое нивно обраќање или доаѓање да нè натуркуваат подлабоко во калта, и да нè натегаат колку е можно појако за да им служиме за тоа што на нив им е потребно, а не на нас. Кријат дека за нас Европа е необележан пат, и дека нема да ни се отвори видик кон неа ѝ да го смениме Уставот … и да ги пуштиме Бугарите да се загарат … и Албанците да нè тестираат дали сме зрели за делбен биланс … Дека не е отворен и нема за нас да се отвори европски пат, така, искрено и отворено како никој до сега, деновиве ни се обрати и ни порача претседателот на Португалија, со единствена намера – да се свестиме!
Европа на свој начин врие, заглавена во свои проблеми. Веќе нема авторитети … само интересот и силата се озаконети и спроведувани. Таа самата осети, ама доцна, на кој ќош неа ја затегна Америка, со која за голем резил – сега е во економска војна. Поради сопствениот ќорсокак во кој се најде, ИЧ – ја интересира Македонија. Тие не нè сакаат во ЕУ … а тоа што ни доаѓаат, дрдорат и бегаат, е само да се лажат, преку нас, самите себе и држејќи нè под капа да лицитираат авторитет кој веќе, оправдано го немаат. Затоа, претседателот на Германија кој се токми да ни гостува со милозборна закана да го отвориме Уставот во корист на Бугарите, поарно нека не доаѓа. Нека си ја гледа земјата која му колабира без руските енергенси …
А, наше е – да не брзаме да го отвораме Уставот поведени од умот на криминалната власт која сака со нас, во продолжение, сега проширена со големоусти … да управува како со цркотини! Сме за влез во ЕУ, ама не обезличени …! Факт е – оваа преговарачка рамка за Европски пат, не е наша!