КАКВА Е ТВОЈАТА УЛОГА ВО ПРИТИСОКОТ ПРИВАТНА БОЛНИЦА ДА СЕ ПРОДАДЕ НА БИЗНИСМЕН ОД АЛБАНИЈА? Пет незгодни прашања на Николоски до Филипче

Во рамките на кампањата за претседателските избори, носителите на листи на ВМРО-ДПНМЕ и на СДСМ за Изборната единица број 4, Александар Николоски и Венко Филипче, влегоа во клинч.

1,094

Александар Николоски, потпретседателот на и носител на изборната единица 4 од ВМРО-ДПМНЕ, на митингот во општина Василево рамки на претседателската кампањата, му порача на Венко Филипче, носител на изборната единица 4 од СДСМ, дека тој не води црна кампања против него, туку дека граѓаните очекуваат одговор на 5 прашања, меѓу кои и прашањето каква е неговата улога во прерано згаснатите 14 човечки животи при пожарот на модуларната болница во Тетово, како и дали неговата улога во притисокот врз сопственикот на една приватна болница за истата да ја продаде на бизнисмен од Албанија.

– Каква е неговата улога во прерано згаснатите 14 човечки животи кои што за жал живи изгореa при пожарот на модуларната болница во Тетово? Второто прашање каква е неговата улога во тендерот за стерилизација, каде што стерилизацијата во сите здравствени установи во Македонија се приватизираше и случајно ја доби фирма од Албанија. Третото прашање е каква е неговата улога во притисокот врз сопственикот на една приватна болница за истата да ја продаде на бизнисмен од Албанија. Четвртото прашање е колку провизија зеде од фирмата за трговија со јужно овошје „Стабри“ од Хонг Конг кој што требаше да донесе вакцини во Македонија, вакцини сами знаете дека не дојдоа и Македонија за жал вакцини имаше само од донации – праша Николоски.






Тој го повика Венко Филипче да одговори и каква е неговата поврзаност со семејството Пановски и каква е улогата во случајот „Онкологија“, каде што не им бил давани лекови на болните од рак се со цел, како што рече тој, да се полнат приватните џебови.

Николоски го потсети и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски дека досега не одговорил на прашањата што му се поставени.

– Го прашавме, а не одговори, каде ја донира сопствената плата, нели се фалеше ќе ја донира? До денес не одговори дали после 12 мај, кога официјално му завршува мандатот, дали ќе користи претседателски бенефиции, а тие се претседателска пензија доживотно во висина на претседателска плата, кабинет, простории, возач и обезбедување платени од државата – рече Николоски и потсети дека во 2019 година, кога Пендаровски сакал да глуми чесен, велел дека нема да ги користи овие привилегии.

Николоски рече дека Пендаровски е корумпиран до срж, сплеткар.

– На тој човек мора да му кажеме „не“ на 24 април и на 8 мај. А можеби да му помогнеме и да се исели од државава – повика Николоски.

 

Поврзани содржини