КАКОВ „ТЕХНИЧКИ ПРОБЛЕМ“ ИМА РАДИОЛОГИЈА? Се спрема хаварија како на хирургија, обвинува ВМРО-ДПМНЕ
Зошто нема информација за јавноста за тоа што се случува на оваа врвна терциерна здравствена установа која во најголем дел го носи теретот за дијагностика која е клучна за натамошен третман?, прашуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека се спрема нова хаварија на Институтот за радиологија откако оваа здравствена установа денес достави „известување за технички проблем” до сите јавни здравствени установи.
Во соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат за каков проблем се работи и дали ќе се повтори хаваријата со хируршките сали:
„Во ова известување Институт за радиологија наведува дека не е во можност да ги прима пациентите за преглед, освен животно загрозувачките состојби и за таа цел пациентите да ги упатуваат во другите ЈЗУ во градот.
Прашуваме:
- За каков технички проблем станува збор?
2. Зошто нема информација за јавноста за тоа што се случува на оваа врвна терциерна здравствена установа која во најголем дел го носи теретот за дијагностика која е клучна за натамошен третман?
3. Можело ли да биде спречен овој „технички проблем” и како се одржува системот во оваа установа?
Одродената влада во заминување е рекордер по паѓање на системи, таков беше случајот со паднатиот систем во ФЗОМ кога под знак прашање беа доведени со закон загарантираните права кои произлегуваат од Законот за здравствена заштита и Закон за здравствено осигурување, како и хаваријата со хируршките сали кога за првпат се случува во историјата на македонското здравство заради основно неодржување и негрижа за инфраструктурата на постојнте клиники во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза“, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.