📽 КАКОВ ТАТКО, ТАКОВ СИН – НЕ ВАЖИ СЕКОГАШ Наследникот на Леброн Џејмс се избрука за сите пари
Синот на Леброн Џејмс кој по заслуга на неговиот татко беше дрсфтуван од ЛА лејкерс, засега во просек постигнува само еден поен од поле во пет обиди, а шутот за тројка во Летната лига му е 0-15.
Лос Анџелес Лејкерс, веројатно под директен притисок на Леброн Џејмс, решија да го драфтуваат неговиот син Брони. Сепак, наследникот на Леброн Џејмс во дресот на „езерџиите“ не е ни бледа сенка на неговиот славен татко.
Изгледа дека Леброн премногу го притискаше својот син, па сега е дојдено до тој степен што на сега изгледа лошо дури и тоа што Брони претходно ги правеше добро.
omg Bronny airball 😭😭 im goin home
(via @LADEig) pic.twitter.com/VGz0EkscYJ
— LakeShowYo (@LakeShowYo) July 16, 2024
Иако салите се полни кога и да игра, тој сè уште нема погодено тројка во летната лига, шутирајќи 0/15. На последниот меч меѓу Лејкерс и Бостон (74:88) постигна само 2 поени (1/2 за два), промаши три тројки, забележа три скока и асистенција.
Така, 55. пик на драфтот успеа да покаже дури и еден „ер бол“, односно топка која воопшто не стигна до обрачот.
Со него на паркетот Лејкерси имаа минус од 22 поени, а во еден момент можеше да се слушне што зборува Џејлен Браун кој беше опкружен со пријатели.
– Мислам дека Брони не е професионален кошаркар – рече Браун.
Синот на Леброн Џејмс засега во просек постигнува само еден поен од поле во пет обиди.