📽️ КАКОВ СПЕКТАКЛ ВО КУПОТ НА КРАЛОТ Барселона дојде до 32 титула во натпреварот за паметење против Реал Мадрид

За Барселона ова е 32. титула во Купот на кралот која ја освои во своето прво финале по пауза од четири години.

127

Во спектакуларно финале со резултатски пресврти вечерва во Севиља, фудбалерите на Барселона го совладаа Реал Мадрид со 3-2 (2-2, 1-0) и го освоија трофејот во шпанскиот Куп на кралот.

Педри во 29 минута ѝ донесе водство на Барселона, a со влегувањето на Килијан Мбапе во вториот дел уследи резултатски пресврт на Реал, откако францускиот репрезентативец израмни од слободен удар во 70 минута, а Орелиен Чуамени беше прецизен во 77 минута.






Со гол во 84 минута Феран Торес го израни резултатот и го однесе натпреварот во продолженија, а Жил Кунде ја обезбеди победата на каталонскиот клуб во 116 минута.

За Барселона ова е 32. титула во Купот на кралот која ја освои во своето прво финале по пауза од четири години.

Реал Мадрид остана на 20 освоени куп титули, од кои последната во сезоната 2022/23.

Поврзани содржини