Каков пад ќе имаат македонската и економиите на земјите од регионот, според Светска банка?
Светска банка предвидува следната година економиите во регионот да забележат раст, но тоа ќе зависи од однесувањето на пандемијата.
Светска банка предвидува дека земјава годинава ќе има пад на економијата од 4,1 отсто. Во регионот повисок пад на економиите ќе има во Црна Гора од 12,4 отсто, Косово од 8,8 отсто, Албанија 8,4 отсто, додека падот на економијата а во Босна и Херцеговина 3,2 отсто. Најмал пад се предвидува да забележи економијата на Србија од 3,0 отсто.
Предвидувањата на Светска банка за следната година за македонската економија се дека ќе забележи раст од 3,6 отсто. Според СБ раст ќе забележат сите економии во регионот, но тоа ќе зависи од состојбата со пандемијата.
Во регионот највисок раст се предвидува за економијата на Црна Гора од 6,9 отсто, потоа албанксата економија која ќе постигне раст од 5,0 отсто и економијата на Косово која ќе има раст од 3,7 отсто. Економијата на Босна и херцеговина следната година ќе оствари раст од 3.0 отсто, додека најнизок раст ќе има економијата на Србија од 2,9 отсто.