КАКОВ Е ТОЈ СЕВЕРНОМАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, ЗНАЕ НЕКОЈ? Во проект на ЕУ прекрстен е македонскиот јазик
Лиценцираниот преведувач Агим Нухиу од Тетово на социјалната мрежа Фејсбук објави документ во кој стои понуда за превод од „северномакедонски јазик“.
Во проект на Европската Унија, македонскиот јазик е именуван како северномакедонски јазик.
Имено, лиценцираниот преведувач Агим Нухиу од Тетово на социјалната мрежа Фејсбук објави документ во кој стои понуда за превод од „северномакедонски јазик“.
Нухиу, како што вели, никогаш не слушнал за таков јазик.
„Утрово добив понуда за превод на материјали од Северномакедонски јазик. Кој е тој јазик, знае ли некој. Јас не знам за таков јазик. Проектот е инаку од ЕУ“, напиша Нухиу.
Во четвртокот, пак, министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата „360 степени“ на ТВ-Алсат изјави дека „според актуелниот предлог, македонскиот јазик е еден од 25-те јазици на ЕУ и како таков станува дел од преговарачката рамка и тоа е една од најголемите победи за македонскиот народ и за државата“.