КАКОВ Е ТОЈ ПРОЕВРОПСКИ ФРОНТ ШТО НЕ МОЖЕ НА ГРАЃАНИТЕ ДА ИМ ОБЕЗБЕДИ ПАСОШИ? Тимчо Муцунски вели дека ситуацијата со личните документи е срамна

Уставните судии сега имаат една специфична предност да можат да решат голгота на илјадници граѓани, а истовремено да извршат една пошироко општествена правна функција а тоа е да спречат непоправлива штета - нагласи Муцунски.

630

Ако целокупната состојба ја сумираме со зборот срамно е преблага за тоа што секојдневно се случува на македонските граѓани при обидот да извади нов личен документ, при обидот да извади нова патна исправа, односно при обидот за нормално вршење на секојдневните услуги од државата – рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, во вечерашното интервју во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, во однос на промената на личните документи на граѓаните.

Муцунски потенцираше дека различните изјави на претседателот на државата, премиерот и министерот за надворешни работи јасно покажува дека немаат комуникација и дека власта нема стратешка цел.






– Проблемот е што во моментот МВР нема направено соодветна набавка и ние можеме да бидеме во ситуација во следните неколку месеци да имаме луѓе кои што биле сликани, но не може да им се издадат патни исправи, и дури да се најде решение на сето тоа, секако прв приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ посебно во делот на управната функција на државата во рамки на МВР ќе биде да се најде итно решавање на овој пробелм – изјави Муцунски.

Во однос на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ до Уставниот суд за времена мерка, Муцунски рече дека уставните судии треба да ја прифатат се со цел да ја спречат голготата низ која поминуваат граѓаните.

Уставните судии сега имаат една специфична предност да можат да решат голгота на илјадници граѓани, а истовремено да извршат една пошироко општествена правна функција а тоа е да спречат непоправлива штета – нагласи Муцунски.

– За мене не може да биде про-ЕУ фронт, фронт кој што не може да обезбеди пасоши за своите граѓани, фронт во кој се случи скандалот Онкологија, фронт кој што не може да обезбеди пристојни пензии, фронт во кој што имате секојдневна криза во образовниот систем, Не е тоа Европа. Барем не е тоа Европа која јас ја познавам, може они познаваат некоја друга Европа, но јас таа која што јас ја знам е Европа која нуди решенија за граѓаните, вели Муцунски во гостување во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.

Муцунски истакна дека сите анкети покажуваат максимално незадоволни на граѓаните од политичкото дејствување на власта, но и се поголемата потреба во македонското општество да се понуди надеж.

– Во однос на политичкото позиционирање на ВМРО-ДПМНЕ по однос на овие прашања мислам дека политичката мантра која што имаме обврска да ја наметнеме во следниот период е дека не треба да чекаме СДСМ да ги загуби изборите. Ние имаме обрска да победиме на следните парламентарни изборите. И го гледаме тоа по анкетите каде што граѓаните се максимално незадоволни по однос на политичкото дејствување на власта но и се поголемата потреба во македонското општество да се понуди надеж. Таа надеж е суштинско политичко решавање на овие предизвици – смета Муцунски.

 

 

Поврзани содржини