КАКО ЗАШТИТНИК НА БУГАРСКОТО МАЛЦИНСТВО Цветанов ќе се врати од азил за да влезе во политика
Цветанов замина од државата затоа што беше осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, со што го оштетил државниот буџет за 75.000 евра. Со измените во Кривичниот законик тој вели дека нема опасност од притвор.
Наредниот месец Ване Цветанов, поранешен претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата се враќа во Македонија, откако во ноември лани замина во Германија, каде бараше азил.
– Планирам да влезам во политика како заштитник на бугарското малцинство во Македонија, и како борец против организираниот криминал во којшто плива државата! Имам многу што да кажам на темата. Понатаму, во иднина, планирам да најавам кандидатура за претседател на држава на изборите вели Цветанов за Фокус.
Тој ја прекинал постапката за азил и откако ќе му бил вратен пасошот, ќе се врател дома.