Како Трамп ја дочека веста дека Бајден му го зема престолот ВИДЕО

17,489

Веста дека Џо Бајден e новиот американски претседател Доналд Трамп ја дочека на неговиот терен за голф во Стерлинг, недалеку од Вашингтон.






„Волстрит журнал“ пишува дека неговите советници го молеле последните денови да се подготви за лошата опција.

Имено, иако Трамп со месеци тврдеше дека изборите ќе бидат наместени за да бидат исфрлени од Белата куќа, неговите луѓе не беа подготвени за правната битка што Трамп ја вети во тој случај.

Самиот Трамп, наводно, не напишал победнички или говор во случај на пораз од суеверие. Никогаш не му паднало на памет дека може да изгуби. Во негов стил, тој одеше на победа, не размислувајќи за ништо друго.

Поврзани содржини