ЗОШТО ТИТАНИК НЕ ИМПЛОДИРАЛ ТОНЕЈЌИ ИСТО КАКО ПОДМОРНИЦАТА „ТИТАН“? Една работа го спасила некогашниот брод од целосно уништување
Но, сите останати делови ја избегнале експлозијата бидејќи од бродот излегувал заробениот воздух(низ прозорците и разните отвори), па така притисокот внатре и оној надвор се изедначиле.
Минатата недела, подморницата „Титан“ експлодираше додека се спушташе за да ги истражува остатоците од некогашниот брод Титаник, при што загинаа сите пет патници. Луѓето сега се збунети зошто Титаник не ја доживеа истата судбина на целосно разнебитување во милисекунда и зошто неговите остатоци лежат недопрени на морското дно, пишува ИФЛ Наука.
Но, прво, ајде да погледнеме зошто се случуваат имплозии. Имплозиите се местата каде што предметите се уриваат сами по себе, резултат на разликата во притисокот помеѓу внатрешниот и надворешниот притисок.
– Кога оваа сила (на површината од подморницата) ќе стане поголема од онаа што може да ја издржи трупот, телото силно експлодир – објасни Арун Бансил, професор по физика на Универзитетот Североистерн во текст за „Northeastern Global News“.
Тогаш, зошто Титан експлодираше, а Титаник не? Па, делови од Титаник навистина експлодираа, додека други не. На пример, машинскиот дел на Титаник најверојатно експлодирал и се распаднал кога бил уште на околу 60 метри под површината на водата.
Но, сите останати делови ја избегнале експлозијата бидејќи од бродот излегувал заробениот воздух(низ прозорците и разните отвори), па така притисокот внатре и оној надвор се изедначиле.
Така најголем дел од бродот уште е сочуван.