Како светот ги „жртвуваше“ старите лица во пандемијата?

Ова го пишува „CNN“ и наведува дека резултатот е катастрофален во домовите за стари лица.

1,250

Светот генерално реагираше бавно во заштитата на старите лица за време на пандемијата на коронавирусот и практично ги „жртвуваше“ старите лица со тоа што се фокусираше на заштитата на болниците.

Ова го пишува „CNN“ и наведува дека резултатот е катастрофален во домовите за стари лица.






Пред три месеци, кога коронавирусот започна да се шири во европските земји, британската влада им нареди на болниците да се подготват за прилив на пациенти, но нејзиниот совет до некои од најранливите луѓе во земјата – жителите на старечките домови – беше дека е „малку веројатно“ дека ќе бидат заразени.

Овие упатства останаа во сила и наредните две и пол недели, кога „експлодираше“ бројот на случаи со коронавирус во Велика Британија, потсетува „CNN“.

Во времето кога тој совет беше повлечен, на 13 март и заменет со нови упатства, 594 случаи веќе беа потврдени и беше предоцна, наведува „CNN“.

До 1 мај, од вкупно 33.365 потврдени смртни случаи во Англија и Велс, најмалку 12.526, или 38 проценти, биле жители на старечки домови, според најновата проценка од Канцеларијата за национална статистика (ONS).

Вработените во домовите и експертите веруваат дека барем дел од вината за најголем број смртни случаи во Европа лежи во одлуката на владата да им даде приоритет на болниците, а не на институциите за стари лица.

Други обвинија за бавното масовно тестирање, наводната желба на владата да добие „колективен имунитет“ (што таа го негира) и неуспехот да нареди земјата да биде затворена доволно брзо.

Сепак, „CNN“ забележува дека Велика Британија не е сама во ова, затоа што, како што наведува, многу земји полека реагирале на заканата во установите за нега на стари лица, а последиците биле катастрофални.

Поврзани содржини
na