КАКО СТОИТЕ СО СЕМЕЈНИОТ БУЏЕТ? Цените на мало за една година се зголемија за 4,9 отсто

Пресметките на Државниот завод за статиските се дека трошоците на животот за една година пораснале за 3,6 отсто.

399

Трошоците на животот во август годинава се за 0,6 отсто повисоки во однос на јули 2021, а цените на мало пораснале за 0,4 отсто. Во однос на август 2020 година, пак, трошоците на животот бележат зголемување од 3,6 отсто, а цените на мало за 4,9 отсто.

Подартоците на Државниот завод за статистика покажуваат пораст на индексите на трошоците на животот во август 2021 година, во споредба со јули годинава, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 15,8 отсто, сирењето и урдата за 1,1 отсто,  месото за 0,9 отсто, лебот и житата за 0,7 отсто, млекото за 0,6 отсто, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3 отсто, како и прехранбените производи, неспоменати на друго место, жестоките пијалаци за 0,2 отсто.






Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 8,4 отсто, гасот за домаќинствата за 5,6 отсто, туристичките пакет-аранжмани за 3,1 отсто, услугите за рекреација и спорт за 2 отсто, домашните миленици и сродните производи за 1,1 отсто, велосипедите за 0,9 отсто, моторните возила за 0,7 отсто, горивата и мазивата за сопствените превозни средства, услугите за сместување за 0,6 отсто, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, информатичката опрема за обработка на податоците за 0,5 отсто, мебелот и покуќнината, малите електрични апарати за домаќинствата, патниот патнички транспорт, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,4 отсто, ткаенините за изработка на облека, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, книгите, другите апарати и производи за лична хигиена, другите услуги неспоменати на друго место за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во август 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите, свежото и разладеното овошје за 0,7 отсто.

Како што информира ДЗС, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај централното греење за 4 отсто, медиумите за снимање за 1,8 отсто, воздухопловниот патнички транспорт за 1,5отсто , другите печатени материјали, електричните апарати за лична хигиена за 1,3 отсто, течните горива за домаќинства за 1 отсто, игрите, играчките и хобијата за 0,8 обувките, обувките, градините, растенијата и цвеќињата за 0,5 отсто, големите електрични апарати за домаќинствата, другите лични предмети за 0,4 отсто.

 

Поврзани содржини