„KAKO СЛЕДАТ, МИСЛИШ ПУТИН ЌЕ УПРАВУВА И СО САД“ Захарова се исмеа со тоа како се следат руските избори во Америка
Навистина ги третираат изборите за претседател на Русија како да си бираме претседател за себе, но во исто време и човек кој донекаде ќе управува и со Соединетите Американски Држави. Така го претставуваат, рече Захарова.
Вниманието во Соединетите Американски Држави е толку насочено кон претседателските избори во Русија како рускиот лидер истовремено да управува со САД, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, во интервју за РИА Новости.
Таа рече дека во текот на изминатите неколку месеци, секој американски телевизиски канал одвојува часови за програмирање посветени на претседателските избори во Русија.
– Навистина ги третираат изборите за претседател на Русија како да си бираме претседател за себе, но во исто време и човек кој донекаде ќе управува и со Соединетите Американски Држави. Така го претставуваат – рече Захарова.
Таа објасни дека во САД долго време се зборува за тоа дека руското раководство наводно го избира американскиот претседател. „Сега во САД не можат да се откажат од темата за зависноста на американските избори од руските избори“, смета Захарова.