КАКО СЕСТРИ СТЕ Рис Витерспун објави фотографија со ќерката, иста е како мајка ѝ! (ФОТО)

Тие две се толку слични што обожавателите често знаат да ги измешаат, најмногу поради бојата на косата и истата фризура, но и очите.

286

Холивудската актерка Рис Витерспун неретко споделува на социјалните мрежи фотографии на кои е со својата ќерка Ава Филипе. Мајката и ќерката повторно успеаја да ја воодушеват јавноста со својата сличност.

Тие две се толку слични што обожавателите често знаат да ги измешаат, најмногу поради бојата на косата и истата фризура, но и очите. Во странските медиуми одамна се споменува дека Ава е вистинска копија на нејзината мајка, а од друга страна дека Рис изгледа како да не старее.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reese Witherspoon (@reesewitherspoon)


Инаку, Ава е ќерката на актерката од првиот брак со актерот Рајан Филипе, од кој се разведе во 2006 година по седум години брак. Поранешниот пар го има и синот Дикон, кој неодамна наполни 18 години.

Рис е мајка и на деветгодишниот Тенеси, кој го доби со нејзиниот сегашен сопруг Џим Тот, кој од срце и помага да ги воспита сите три деца.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reese Witherspoon (@reesewitherspoon)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини