Како се станува милијардер за 15 минути?
При проверка на неговата банкарска сметка, психијатарот Блез Агиер открил дека добил 2,45 милијарди долари.
Клиент на „Bank of America“ во државата Масачусетс неочекувано стана милијардер поради грешка во системот на банката, пренесува „Bloomberg“.
При проверка на неговата банкарска сметка, психијатарот Блез Агиер открил дека добил 2,45 милијарди долари. Мажот повторно проверил преку мобилната апликација и на веб-страницата на финансиската организација, но сумата сепак била таму.
Тој претпостави дека вработените во банката сами ќе ја најдат грешката во трансакцијата, но кога тоа не се случило, тој се обратил до директорот за односи со клиенти и инсистирал ситуацијата да се разјасни.
– Тоа беше грешка во приказот и ништо повеќе – рече портпаролот на банката Бил Холдин, нагласувајќи дека работите се исправени.
Агенцијата потсетува дека овој случај не е единствен поврзан со сметките на клиентите на „Bank of America“, но за прв пат се јавува грешка со толку голема сума.
На почетокот на овој месец, финансиската институција повторно имаше проблеми со привремено прикажување, што им овозможи на некои од нејзините клиенти да видат неточни салда на Интернет и мобилната апликација.
Сепак, овие недоразбирања не беа толку големи како што е случајот со Блез Агиер, кој стана милијардер, иако за само 15 минути.