КАКО СЕ ПРОЧИСТУВА ВОДАТА И КАКО СЕ ИСПИТУВА Водовод Битола одржа работилница за учениците
ЈКП Водовод Битола одржа едукативна презентација за значењето на водата и нејзината обработка. Учениците се запознаа со процесот на водоснабдување и процесот на испитување на контролата на квалитетот.
ЈКП Водовод Битола соопшти дека месецов го одбележува празникот посветен на водите. По тој повод, денеска беше реализирана едукативна презентација за значењето на водата и нејзината улога во секојдневниот живот.
„Учениците имаа можност да се запознаат со процесот на водоснабдување – од зафатот на сирова вода до дистрибуција, начинот на обработка и прочистување на водата. Исто така, тие имаа можност да видат како се врши испитување на квалитетот на водата преку соодветни анализи.
Со оваа активност сакаме да придонесеме кон поголема свесност за заштита и рационално користење на водните ресурси, бидејќи водата е непроценливо богатство кое треба одговорно да го чуваме и користиме секојдневно“, соопшти ЈКП Водовод Битола.