КАКО СЕ ПРАВИ ПРОФИТ ОД ДОКТОРСКА ПЛАТА? Николоски бара Филипче да каже како ги регистрирал фирмите во Петрич

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска го посети струмичкиот крај и општини кои се дел од изборна единица 4.

231

Венко Филипче има неколку компании регистрирани во Петрич, на улица Гоце Делчев број 4, па добро е да каже како се регистрираат тие компании, што работат тие компании, од каде профитот на тие компании и дали од докторска плата тоа се заработува,  праша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за време на денешната посета на струмичкиот крај и општини кои се дел од изборна единица 4.

– Добро е македонскиот народ да ги слушне сите овие одговори. Јасно е дека се работи за најголемата криминална банда воопшто видена во македонската политика. Се работи за луѓе кои што ја опустошија цела држава, а за да се заштитат себе правеа национални предавства – рече Николоски.

 

Поврзани содржини