КАКО СЕ ПАРЧОСУВАШЕ МАКЕДОНИЈА ПРЕД 109 ГОДИНИ Годишнина од Букурешкиот договор

Македонија била поделена на тој начин што нејзиниот најголем дел, односно Егејскиот, со површина од 34.356 км2, ја го добила Грција, Вардарскиот дел, со површина од 25.342 км2,  го добила Србија, Пиринскиот дел со 6.798 км2 ѝ бил даден на Бугарија, а Албанија добила 1.115 км2 во западниот дел.

3,173

На 10 август во 1913 година во Букурешт бил потпишан мировен договор меѓу завојуваните страни од Втората балканска војна. Преговорите се водени од Србија, Грција, Црна Гора и од Романија, од една страна, и поразената Бугарија, од друга страна.

По серија порази, бугарската војска била принудена на повлекување на сите фронтови, по што владата на оваа земја ќе побара мир од некогашните свои сојузници, со кои само година претходно, во заеднички и координирани акции, ја протерува турската војска од Балканот.

 






Бугарски војници во балканските војни – Википедија

 

Бугарија е принудена на отстапки, во моментите кога романската војска вршела притисок на север, Србија и Грција продирале од запад, додека Турците со продорот од исток успеале да повратат дел од територијата загубена година дена претходно.

Тоа што за нас е најинтересно е што со Букурешкиот договор е извршена поделба и анексија на териториите кои некогаш биле дел од Отоманската Империја, вклучувајќи ја и Македонија.

Македонија била поделена на тој начин што нејзиниот најголем дел, односно Егејскиот, со површина од 34.356 км2, ја го добила Грција, Вардарскиот дел, со површина од 25.342 км2,  го добила Србија, Пиринскиот дел со 6.798 км2 ѝ бил даден на Бугарија, а Албанија добила 1.115 км2 во западниот дел.

Претходно, на 1 март 1913 година, седум месеци пред потпишувањето на договорот, претставниците на Македонската колонија во Петроград, Гаврил Константинович, Димитрија Чуповски, Наце Димов и Александар Везенков, потпишале меморандум за независност на Македонија и му го предале на министерот за надворешни работи на Велика Британија, Едвард Греј, како и на амбасадорите на големите сили во Лондон. Со меморандумот Димитрија Чуповски изработил и мапа на Македонија во колор, со сите специфичности што аргументирано ги докажувале посебноста и причините за самостојност на Македонија. Меѓутоа, поради сопствените интереси и во отсуство на какво било чувство за реалност и за македонскиот народ, големите сили судбината на Македонија ја оставиле да ја решат завојуваните балкански држави.

 

Културолошка и географска карта на Македонија, изработена од Димитрија Чуповски

 

По потпишувањето на договорот, следува де факто поделбата на Македонија, како и асимилацијата на населението.

Инаку, веќе наредната година започнала Првата светска војна, по што завојуваните страни од Балканските војни продолжиле да војуваат, но овој пат на регионалната сцена се појавиле и војските на големите сили.

Поврзани содржини