КАКО СЕ КУПУВА ЈАХТА – СО ЛЕКАРСКА, СО ПРАТЕНИЧКА ИЛИ СО ПРЕМИЕРСКА ПЛАТА? Филипче и Заев да одговорат во чија јахта се луксузираат, повикува ВМРО-ДПМНЕ

Проблемот е во лицемерието на Филипче и на СДСМ, коишто велат дека во Македонија тешко се живее и едвај се врзува крај со крај, а од друга страна Филипче ужива на скапи јахти и во скапи ресторани. Филипче и Заев треба да одговорат дали јахтата е изнајмена или можеби заеднички ја купиле, повикува ВМРО-ДПМНЕ.

622

Венко Филипче и Зоран Заев да се одважат и да кажат чија е јахтата со која се луксузираат на Егејското Море, повикува ВМРО-ДПМНЕ.

„Луксузирањето, скапите јахти, скапите гоштевања и чаламот се секојдневието на Филипче и на Заев. Додека од една страна СДСМ преку прес-конференции и соопштенија вели дека во Македонија тешко се живее и стандардот на граѓаните опаѓал, гледаме дека Филипче го докажува сосема спротивното. Со лекарска плата тој заедно со неговиот ментор Заев пловат на Егејското Море, најверојатно со сидрото кое ги влече“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Секако, се додава во соопштението, не е проблем некој да оди на одмор.

„Проблемот е во лицемерието на Филипче и на СДСМ, коишто велат дека во Македонија тешко се живее и едвај се врзува крај со крај, а од друга страна го гледаме вистинското лице на Филипче кој ужива на скапи јахти, во скапи ресторани и скапи апартмани. Филипче и Заев треба да одговорат дали јахтата во којашто се возеа е изнајмена или пак е на Филипче или на Заев? Или можеби заеднички ја купиле? Доколку испадне дека јахтата е во сопственост на еден од нив, се поставува логичното прашање, како се купува јахта со лекарска, пратеничка или пак премиерска плата?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче и Заев им должат одговор на граѓаните, се додава во соопштението.

„Седум години ја распродаваа и ја уништуваа државата, а сега ги гледаме како лицемерно и без срам се луксузираат на скапите јахти и во скапите ресторани“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини