КАКО СЕ АПСИ НА ЦРВЕНИОТ ПЛОШТАД? Ќе кажам два зборa, имам различно мислење (ВИДЕО)

Ги снимате сите мислења на граѓани? Дури и на оние граѓани кои не протестираат, но мислат дека воената операција во Украина...?, прашува жената. Ги снимаме сите мислења, госпоѓо, ѝ одговараат. Епа еве, јас..., почнува жената, а специјалците веднаш ја собираат и ја носат настрана.

618

Снимка од две жени кои експресно се уапсени на сред бел ден на Црвениот плоштад во Москва поради антивоените ставови во врска со окупацијата на Украина, се прошири на социјалните мрежи. Жените не се дел од протест туку зборуваат пред ТВ-камера. Првата вели „нема да кажам многу, само два збора“ и држи ливче на кое е буквално напишано „два збора“, а потоа, како на филм, полициските специјалци ја земаат и ја носат кон група од комбиња.






Бргу потоа, втора жена доаѓа пред камерите.

– Ги снимате сите мислења на граѓани? – прашува таа подисплашено пред камерите, на што добива потврден договор.

– Дури и на оние граѓани кои не протестираат, но мислат дека воената операција во Украина…?

– Ги снимаме сите мислења, госпоѓо – ѝ одговараат.

– Епа добро, еве јас сум задоволна… – почнува жената и без да доврши двајца специјалци и неа ја земаат.

Видеото предизвика лавина коментари по социјалните мрежи.

„Можен ли е милионски протест на главниот плоштад во Москва“?

„Се чини дека дури и про-Кремљ пропагандистите се апсат сега во Москва, иако ова не беше планирано. Путинизмот ги јаде своите деца“, вели еден друг твитерџија.

Поврзани содржини