📽️ КАКО СЦЕНА ОД „ЛУДИОТ МАКС“ Руски војници на мотоцикли и качени на коли се движат низ густата магла

Снимка од фронтот во источна Украина прикажува апокалиптични сцени налик на филм.

310

Видеото кое кружи на социјалните мрежи е снимено во јужниот дел на Покровск, каде што се водат жестоки борби додека руските сили се обидуваат да го освојат градот.

На снимката, споредена со сцена од „Лудиот Макс“, се гледаат војници на мотоцикли како се движат низ густа магла, додека други стојат качени на покривите на автомобили без врати и прозорци. Дел од нив патуваат во истрошен камион што едвај се движи низ каллив пат покриен со отпадоци и остатоци од борбите.






„NBC News“ потврди дека локацијата на снимката е Покровск, место кое во последните денови стана центар на жестоки судири во рамките на руската офанзива за продлабочување на фронтот во источна Украина.

Сцените од видеото, кои многумина ги нарекоа „апокалиптични“, повторно ја покажуваат суровата реалност на војната и хаосот што владее на линијата на фронтот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Поврзани содржини