Како реагира Трамп кога Путин ќе му се јави на телефон?
- Навистина му викаше. Тоа беше на официјален ручек, со сите услуги и убави јадења, тој му викаше преку масата: „Ако Путин сака да зборуваме - едноставно поврзете го“ - се присетил Тимоти.
Поранешниот шеф на администрацијата на поранешната британска премиерка Тереза Меј, Ник Тимоти, раскажал дека актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, пред три години „не сакајќи“ пропуштил телефонски повик од рускиот претседател Владимир Путин и каква била неговата реакција кога дознал дека го пропуштил повикот.
Како што раскажал Тимоти, Трамп среде ручек почнал да му вика на својот тогашен советник. Инаку, станувало збор за официјален ручек со британската делегација, но тоа не го спречило Трамп да се разлути и да почне да му вика на советникот за национална безбедност Мајкл Флин.
Тимоти, кој и самиот присуствувал на ручекот, рекол дека некој му спомнал на Трамп дека Владимир Путин наводно сакал да разговара со него, а Трамп пред сите почнал да му вика на Флин.
– Навистина му викаше. Тоа беше на официјален ручек, со сите услуги и убави јадења, тој му викаше преку масата: „Ако Путин сака да зборуваме – едноставно поврзете го“ – се присетил Тимоти.