📷 КАКО ПУШТЕН ОД СИНЏИР Орландо Блум по раскинувањето со Кети Пери, ја бакнува Ким Кардашијан

Папараците ги следат Ким Кардашијан и Орландо Блум - убедени дека двајцата ќе се сплеткаат на свадбата на деценијата.

728

Холивудските ѕвезди пристигнуваат на свадбата на годината помеѓу милијардерот Џеф Безос и Лорен Санчез.

Меѓу славните личности кои пристигнаа во Венеција, каде ќе се одржи венчавката, се и актерот Орландо Блум, како и сестрите Кардашијан-Џенер во друштво на нивната мајка Крис Џенер.






Орландо бил виден како ужива со друштво на јахта, пие пиво и се забавува, откако претходно во текот на денот бил во друштво на славниот американски спортист Том Брејди.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)


Папараците внимателно го следат однесувањето на Орландо Блум, бидејќи се шпекулира дека тој раскинал со Кети Пери, по девет години врска, а со која ја има ќерката Дејзи.

Парот наводно раскинал откако Кети се врати од летањето во вселената заедно со една од најдобрите пријателки Лорен Сначез. По враќањето од вселената, Кети не успеала да го импресионира Орландо, кој го смета целото вселенско патување за смешно.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)


Сега Кети е на турнеја и нема да присуствува на свадбата, но Орландо не сакаше да го пропушти настанот на деценијата.

Најголемо внимание привлече кога Орландо стана за топло да ја поздрави Ким Кардашијан, која дојде на истиот настан. Додека таа се збогуваше со Орландо, нејзината мајка, Крис Џенер, со воодушевување го гледаше парот.

Корисниците на социјалните мрежи веруваат дека Крис веќе има план во главата да ги спои Ким и Орландо, кој беше фатен како го мерка телото на Ким Кардашијан минатата година во текот на заедничко појавување на црвениот тепих.

Експертите за говор на телото забележаа дека Орландо Блум покажал интерес и самодоверба додека ја поздравувал Ким Кардашијан. Иако делувал опуштен и отворен за дружење, имало и индикации дека „се шири како паун“.

Поврзани содржини