Како прстенот што беше наменет за Меган заврши на раката на Кејт? ФОТО

974

Кејт Мидлтон му се придружила на кралското семејство во 2011 година, кога се омажила за принцот Вилијам. Седум години подоцна, Меган Маркл и принцот Хари го изговориле судбоносното „да“ во замокот во Виндзор.

Но, малку е позната приказната за тоа како вереничкиот прстен на Кејт Мидлтон вреден 300 илјади фунти, всушност требал да и припадне на Меган Маркл.






Кога Вилијам ја запросил Кејт, тоа го направил со преубав син сафир кој некогаш и припаѓал на принцезата Дијана.

Вонвременскиот прстен е направен од дванаесеткаратно бело злато, а на него се наоѓа непроценлив син сафир.

Принцот Чарлс го купил прстенот за 28.000 фунти кога ја запросил принцезата Дијана во 1981 година, а оттогаш неговата вредност пораснала за дури 10 пати!

Откако принцот Вилијам ја запросил Кејт, таа речиси 10 години не го вади овој прстен од рака, а иако приказната за прстенот се врзува за војвотката од Кембриџ, вистината е дека тој, вусшност, бил наменет за Меган Маркл.

Имено, во документарнецот од 2017 година се наведува дека Вилијам и Хари по смртта на мајка им, го поделиле нејзиниот накит меѓусебе.

Така, принцот Вилијам одбрал сет од Картие, а Хари го одбрал прстенот.

Меѓутоа, кога принцот Вилијам сакал да запроси Кејт, принцот Хари му го понудил прстенот.

– Зарем не би било убаво да ја запросиш со прстенот на мама? Така тој прстен еден ден ќе се најде на тронот на Англија – наводно рекол принцот Хари.

Пол Бурел, поранешен батлер во Кенсингтонската палата кажал дека тоа бил најнесебичниот чин кој покажал колку принцот Хари личи на својата мајка.

Да го задржел, денес овој прстен дефинитивно би го носела Меган Маркл, но како што велат „не за кого е наменето, туку за кого е судено”.

Meghan Markle Kate Middleton Princess Diana Inspired White | Etsy

FOTO: Pinterest

 

Поврзани содржини