КАКО ПРЕСКОКНУВАЊЕТО НА ПОЈАДОКОТ ВЛИЈАЕ НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ? Ако сакате да бидете здрави и витки, никогаш не го пропуштајте утринскиот оброк
Неодамнешното истражување покажало дека кај оние кои го прескокнале појадокот, нивото на лошиот холестерол се зголемило и се намалила телесната чувствителност на инсулин, хормон кој е вклучен во регулирањето на шеќерот во крвта. Намалената чувствителност на инсулин пак, е еден од факторите на ризик за развој на дијабетес тип 2.
Појадокот е најважниот оброк во денот кој ќе ви помогне да одржите подобро здравје. Прескокнувањето на појадокот е лошо за срцето, а веројатно и за линијата, покажа истражувањето спроведено неодамна на Универзитетот во Нотингем.
Во експериментот, кој траел еден месец, учествувале 10 здрави, витки жени. Кај оние кои го прескокнале појадокот, нивото на лошиот холестерол се зголемило и се намалила телесната чувствителност на инсулин, хормон кој е вклучен во регулирањето на шеќерот во крвта.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.