Како преку македонскиот и бугарскиот националистички наратив?

Денес не мораме да чекаме да се вкрстат нашите интереси со Западот зашто ние сме веќе Западот: дел од НАТО, со права и обврски на држави членки. Право на помош во неволја и обврска, заедно со Бугарија, „европски“ да ги разрешиме нашите несогласувања и да не го загрозиме еднинството на сојузот, овозможувајќи продор на други влијанија на Балканот. Како и со Грција, решението со Бугарија лежи во откажување на државните политики од сопствените националистички наративи, повторно спротивно на волјата на мнозинството на народите.

1,952

 

Една поука од грчко-македонскиот спор е дека двете страни мораа да му се спротистават на доминантниот националистичка наратив, само за да постигнат решение. Со решението не беа согласни мнозинството на двата народи, но затоа државите станаа сојузници во НАТО и во ЕУ и им обезбедија на своите народи мир и прогрес. Ние моравме да се откажеме од митот за поделената македонска етничка татковина и потекло од античките Македонци, а тие од митот за „грчкоста“на зборот „Македонија“ со кој не може да се именува млада словенска нација и нејзиниот јазик. Но, само тоа не беше доволно. После, безмалку три децениие, решението стана можно кога врз Грција и Македонија се вкрстија интересите на Америка и Западот за брзо решавање на спорот а против руското влијание во регионот. 






Денес не мораме да чекаме да се вкрстат нашите интереси со Западот зашто ние сме веќе Западот: дел од НАТО, со права и обврски на држави членки. Право на помош во неволја и обврска, заедно со Бугарија, „европски“ да ги разрешиме нашите несогласувања и да не го загрозиме еднинството на сојузот, овозможувајќи продор на други влијанија на Балканот. Како и со Грција, решението со Бугарија лежи во откажување на државните политики од сопствените националистички наративи, повторно спротивно на волјата на мнозинството на народите.

Македонскиот наратив, дека немаме заедничка историја со Бугарија и бугарскиот, дека, и денес, сите ние од оваа страна на границата сме, всушност, Бугари или набргу ќе станеме тоа. Инаку, под тој националистички наратив, јас го подразбирам и оној кој потсмешливо ни вели: Бидете што сакате, Марсовци ако ви е мило, само признајте го заедничкото минато.

Го препознавам дури и во наративот кој навидум искрено вели дека македонската нација постои, но фрла дрвја и камења врз начинот на кој е прокламирана , обвинувајќи ја комунистичката партија на Југославија и партизанската генерација од чија антифашистичка борба ние црпиме достоинство. Тоа достоинство произлегува од фактот дека во текот на Втората светска војна народите на Југославија дадоа преку еден милион жртви, а загинаа и осумдесет проценти од членството на малата стоилјадна комунистичка партија, организаторот и предводникот на антифашистичкиот отпор. Згора на тоа, свесни сме дека секој обид од под нашите нозе да се извлече делото на таа генерација ќе предизвика тонење во едно минато кога бевме жртва на ривалитетот на соседите.

Тркалото на историјата свртило еден круг и минало низ две балкански, две светски и една студена војна и денес имаме она што имаме на Балканот. Ако, во процесот на создавањето на сопствената нација, генерации Македонци се воспитувале да ја мразат бугарската нација, крајно време е тоа да престане. Бугарите,пак, со односот кон македонската нација би можеле да ни покажат како се прави тоа. Прво, со јазикот.

Имено, настрана лингвистичките научни дебати кои можат да траат во недоглед, во моментот кога ќе се кодифицира и издигне на ниво на официјален, односот кон јазикот на една држава е всушност однос кон нацијата. Неспремноста на македонската интелигенција и политиката да го премостат јазот помеѓу македонските митови и историските факти од нашата заедничка историја е последица и на стравот од намерите на нашиот сосед Бугарија: ќе го врти ли, заедно со нас, тркалото на историјата кон обединета Европа или, согласно митовите од својот националистички наратив,назад кон минатото. Искрено почитување, тоа е она што ќе ги зближи двете држави сојузнички во НАТО и во ЕУ. А почитта не секогаш доаѓа природно туку е нешто што се учи.

Поврзани содржини