„КАКО ПОМИНА ВЕЧЕРАТА НА ОСМАНИ СО ГРУЕВСКИ?“ Европски сојуз за промени има докази за средбата
Од Европски сојуз за промени тврдат дека имаат доказ дека министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретнал со со Груевски на 6 септември.
Европски сојуз за промена обвинува дека ДУИ уште макотрпно се обидува да го врати Никола Груевски во Скопје бидејќи неговото враќање од Будимпешта, на оваа партија, ѝ значи многу.
Од партијата велат дека поседуваат докази за форми и начини на контакти на претставници на ДУИ со Груевски.
-На ДУИ единствениот спас им е враќањето на Груевски. Ова е сон на ДУИ, но за нивна жал, сегашната реалност не е сон, туку доказ кој покажува дека во Северна Македонија имаме влошување на состојбите во секој аспект и во секоја сфера. Веќе постојат докази дека ДУИ преку разни начини и форми е во контакт со Никола Груевски, со кого се испитуваат можностите за негово враќање, од што би зависела судбината на ДУИ, заедно со СДСМ – велат од Европски сојуз за промени.
Оттаму тврдат дека министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретнал на 6 септември со Груевски и прашуваат:
– Како помина вечерата на министерот Бујар Османи со Груевски на 06.09.2023 година во Будимпешта? Каков вкус имаше оваа вечера и како ќе се реализира „триумфалното” враќање на Груевски?