Како пандемијата влијаеше на психо-физичкото здравје, откриено е кои се најголемите жртви
Истражувањето наречено „Сребрена економија во годината на темнината“ покажува дека постарите луѓе се вратиле во предпандемискиот начин на живот, како што се патувања, дружења и шопинг.
Постарите луѓе кои не се заразиле со вирусот ковид-19 или се опоравиле, а сега се вакцинирани, поминале подобро во изминатата година на пандемија отколку од средната генерација или младите, според студијата спроведена од Римскиот институт за социо-економски истражувања „Censis“.
Според резултатите од истражувањето, скоро 70 проценти од постарите лица не страдале од психо-физички стрес за време на пандемијата, додека само 34 проценти од средната генерација поминале без стрес, а најлошо поминале младите адолесценти каде скоро 80 проценти потврдиле дека имале разни проблеми за време на пандемијата, пренесува „Huffington post“.
Истражувањето наречено „Сребрена економија во годината на темнината“ покажува дека постарите луѓе се вратиле во предпандемискиот начин на живот, како што се патувања, дружења и шопинг.
За разлика од постарите лица, младите потешко се опоравуваат од забраните за време на пандемијата, а како што тврди директорот на студијата Џузепе Де Рита, „инфекцијата целосно ги испразни животот на младите затоа што им беше забрането да се дружат, разни привилегии, задоволства и прошетки надвор им беа укинати“.
Додадено е дека пандемијата го зголеми јазот меѓу старите и младите, а како што покажа истражувањето, повеќе од половина од младите рекле дека државата троши премногу пари и грижа за старите лица, а дури 70 проценти од адолесцентите се убедени дека премногу постари лица се на раководни функции.