КАКО ОСТАНА НЕСРУШЕНА НАЈВИСОКАТА КУЛА ПРИ ПОТРЕС ОД 7,6 СТЕПЕНИ? Јапонските стандарди вклучуваат и амортизери, гуми, нишала…
Често под темелите на зградата се поставуваат гумени блокови дебели до 50 см кои треба да направат зградата да мирува додека земјотресот ја мрда само гумената основа.
Постојат три главни причини зошто највисоката (нестанбена) кула во светот не се сруши при денешниот разорен земјотрес во Јапонија, во кој од над шеесет потреси најголемиот достигнал 7,6 степени по Рихтеровата скала, смета Јасухару Мацуно, експерт за недвижнини во Токио. Причините се поврзани со фактот дека Јапонците прават се на сопствен начин – тоа е земјата каде обично има до 1.500 помали потреси годишно, од кои шест-седум можат да ја надминат и магнитудата од 5 степени!
Јапонија имала два разорни земјотреси во 1978 и во 1995 година кои ги смениле прописите во градежништвото. Три работи се смениле. Прво, ако зградата е оштетена од помал земјотрес таа мора да се изгради од нула! Второ, ако штетата е од разорен земјотрес, тогаш материјалната штета ќе мора да се прифати таква каква што е, под услов да нема човечки жртви, анализира Јутарни лист.
Тајната е што кај објектите повисоки од 150 метри, а тоа се облакодерите кои Јапонија ги има повеќе од 270, потребно е, според законот, да се вградат амортизери, гумени слоеви или сеизмички изолатори кои ќе направат зградата да може да биде флексибилна и, според Зиги Лубковски, сеизмички експерт од Лондон, да се лула до 1,5 метри настрана при јакиот потрес.
На пример 53-катната кула Ропонги Хилс Мори во Токио, вакви амортизери се поставени на секој кат до врвот, што драстично го намалува движењето.
А кој е третиот стандард? Тој е најскап бидејќи побарува структурата на зграда да е изолирана со слоеви од олово, челик и гума. На пример, често под темелите на зградата се поставуваат гумени блокови дебели до 50 см кои треба да направат зградата да мирува додека земјотресот ја мрда само гумената основа.
Јапонците исто така се принудени да ги прават своите облакодери од челик, а не од армиран бетон. Помага и следното – на некои од спратовите да се поставуваат нишала, кои, нишајќи се напред-назад ќе го намалат и избаланасираат севкупното нишање во случај на силна динамичка појава каква што е земјотресот.
Јапонија е најсилното сеизмичко подрачје во светот бидејќи под островите се вкрстуваат дури четири сеизмички плочи.