КАКО ОДГОВОРНО ДА ИГРАТЕ ИГРИ НА СРЕЌА? Едукација од Видеолотарија Касинос Австрија за ризиците од прекумерно играње
Видеолотарија Касинос Австрија континуирано ги едуцира играчите за опасностите кои ги предизвикува прекумерното играње игри на среќа со цел да се зголеми јавната свест за ризиците од прекумерно играње игри на среќа, соопшти компанијата.
– Со цел спречување на негативните последици од прекумерното играње игри на среќа, Видеолотарија Касинос Австрија постојано нагласува и едуцира за важноста на одговорното играње. Играта е само забава и тоа мора да го сфати секој играч на игрите на среќа. Како општествено одговорна компанија, посветивме сериозно внимание на утврдувањето на стандардите со кои се овозможува реализацијата на одговорно приредување игри на среќа, заедно со политиката на одговорно играње. Целта ни е да го намалиме ризикот за сите играчи, а особено оние кои припаѓаат на ранливи општествени категории – велат од компанијата.
Оттаму додаваат дека во 2019 година го формирале СОС тимот, прв од ваков вид во земјава, под слоганот „Играј одговорно“.
– Во истиот период активирана е СОС линијата со вклучена телефонска поддршка и деск верзија преку мејл. Зад СОС линија стои екипа од стручни и искусни лица од областа на психологијата. Дополнително, отворивме стручни советувалишта во Скопје, Куманово, Прилеп, а во текот на годинава, планирани се и нови советувалишта во Гостивар, Радовиш и во Битола – додаваат од Видеолотарија.
Во текот на оваа година, одржани се и неколку едукативни работилници на Славјанскиот универзитет во Свети Николе за студентите по психологија, на Филозофскиот факултет при „Св. Кирил и Методиј“ на катедрата за психологија и на Медицинскиот факултет во соработка со Катедрата по психијатрија за студентите на медицински факултет.
– Видеолотарија Касинос Австрија од Европската асоцијација на лотарии поседува сертификат за одговорно приредување игри на среќа, како компанија која долгорочно е насочена кон одржливо создавање и кофинансирање на спортски, образовни, културни и други програми со цел општествено придонесување, како и едуцирање и заштита на играчите на игрите на среќа. Ние секогаш нагласуваме дека во игрите на среќа, право на учество имаат лица над 18 години, согласно правилата за одговорно приредување игри на среќа – велат од Видеолотарија Касинос Австрија.