КАКО ОД МАЈКА РОДЕНА Славната раперка сосема гола го прослави роденденот (ФОТО)

Славната раперка во нејзин необичен стил го прослави 39-тиот роденден.

1,314

Контроверзната раперка Ники Минаж ги изненади своите обожаватели со неодамнешната фотографија која се појави на нејзиниот профил на Инстаграм.

Ники Минаж во светската јавност ѝ е позната по својот остар јазик, но и по сексапилниот начин на облекување – односно за некои нејзиниот стил е сексапилен, а за некое претеран и без стил.






Луѓето не можат да останат рамнодушни на нејзините постапки, па светската јавност е поделена на оние кои ја поддржуваат и оние кои ја озборуваат, што го потврдија и неодамнешните коментари во врска со фотографијата која се појави на нејзиниот инстаграм-профил.

Сега раперката на својот инстаграм-профил објави провокативна фотографија на која позира како од мајка родена со розова перика на главата и чевли со високи потпетици. Со едната рака ги покрива голите гради, а во другата држи роденденска торта. Славната раперка во необичен стил го прослави 39-тиот роденден.

„Посакајте и` среќен роденден на вашата сакана“, напишала таа во описот на фотографијата која ги воодушеви нејзините следбеници, а како што може да се забележи на истите, има повеќе од 7 милиони лајкови и голем број коментари.

Но, со оглед на тоа дека на тој начин ја изгради целата своја кариера, а со тоа стана препознатлива низ светот, Ники не се грижи за критиките, туку продолжува во ист стил, а што мислите, дали навистина претера?

Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини