Како Никола Тесла го замислувал 21 век? Еве дел од неговите предвидувања

Познато е дека Тесла работел и на роботиката, односно патентирал чамец на далечинско управување, а во своите предвидувања зборувал дека многубројни активности ќе бидат препуштени на роботите во иднина.

1,337

Во 1930 година, во хотелот „Governor Clinton“ во Њујорк, голем број новинари го посетиле Никола Тесла и му поставувале најразнични прашања во врска со неговите почетоци, но и за неговите очекувања во 21 век.

Генијалниот Тесла го замислувал светот како место во коешто приоритет за човекот ќе биде науката. Тогаш тој зборувал дека најцивилизираните земји во светот најмногу пари трошат на војни, а најмалку на образование и наука. Тој зборувал и дека борбата со незнаењето ќе биде пославна од смртта на воените полиња.






Тесла имал и некои необични теории за тоа каква треба да биде оптималната човечка исхрана. Тој најчесто се хранел со мед и млеко, оти сметал дека тоа е најчистиот облик на исхрана. Но, поради таа негова одлука, тој ја губел својата тежина. Избегнувал месо, а предвидел дека во 21 век целосно ќе ислезнат кафето и чајот.

Познато е дека Тесла работел и на роботиката, односно патентирал чамец на далечинско управување, а во своите предвидувања зборувал дека многубројни активности ќе бидат препуштени на роботите во иднина.

Поврзани содржини