Латино дивата Џенифер Лопез (50) со само едно излегување од дома во краток топ и хеланки крена голема прашина во Америка.
Пејачката е снимена како излегува од теретана, заедно со својот свршеник Алекс Родригез, а како што пренесуваат американските медиуми, иако сите теретани се затворени поради коронавирусот, оваа теретана ја отвориле специјално само за Џеј Ло, за нејзиното приватно вежбање.
Латино ѕвездата и нејзиниот свршеник биле видени како влегуваат од позади и очигледно добиле посебни привилегии.
„Оваа теретана не е отворена, останете дома, останете безбедни“, пишува во натписот од задната врата на тоа место, кое парот често го посетувал пред изолацијата.
Телохранителите на Лопез носеле маски и претходно ги бришеле сите кваки и површини кои се допираат. Иако на теретаната стои знак дека е затворена, се чини дека тоа не важи за славните личности како што е Џенифер Лопез.
Ѕвездата предизвика лутина и остри критики кај обожавателите.
„Срамота“, „Значи, со пари сè се купува“, „Мислиш ли дека баш сè е за продажба?”, сее само некои од коментарите упатени кон дивата и нејзиниот партнер.
Jennifer Lopez and Alex Rodriguez get VIP access to their regular gym which has a closed sign posted | Daily Mail Online https://t.co/4r8a765wRG
— ludovic choupo (@ludovicchoupo) April 2, 2020