КАКО НАТО ЧЛЕНКА ЈА УНАПРЕДИВМЕ БЕЗБЕДНОСТА И СТАБИЛНОСТА ЗА НАС И ЗА РЕГИОНОТ Тошковски кажа кои се главните безбедносните закани за земјата

Министерот за внатрешни работи говореше на „Охридски безбедносен форум".

401

Заедничките евроатлански вредности се основен двигател на земјите од Западен Балкан во надминување на своите разлики и продолжување на својот пат кон евроатланска интеграција,  изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на  традиционалниот „Охридски безбедносен форум”.

-Како членка на НАТО, безбедноста и стабилноста значително се унапредија како за нашата земја така и за целиот регион. Многу потесно соработуваме со сите наши соседи кои се членки на Алијансата и заеднички придонесуваме кон самото функционирање и развој на Алијансата- рече Тошкоски.






Тој говореше и за тоа со кои предизвици се соочува македонската полиција  на безбедносен план.

-Илегалната миграција и различните форми на прекуграничен криминал се едни од нашите главни предизвици како министерство. Тука можам да ги спомнам и хибридните закани кои се регионални и глобални и преку неконвенционални акции, психолошки и сајбер напади, шпионажа, ширење на дезинформации чија цел е создавање на перцепција на несигурност и недоверба на граѓаните во демократските институции. Да се потсетиме на хибридните напади кои што ги имавме во 2022 и 2023 година на територија на целата држава- рече Тошковски.

Според него, со цел да се намали можноста за ширење на лажни вести, шпекулации и паника, МВР  редовно ги информира граѓаните и во таа насока го подвлече фактот дека за 2024 година Министерството за внатрешни работи достигна 95,7% индекс на активна транспарентност, што го става во најдобрите три владини институции во транспарентност и отчетност пред граѓаните.

Како останати предизвици со кои се справува МВР Тошковски ги спомна и тероризмот, насилниот екстремизам и радикализам во сите свои форми – национален, политички и религиозен.

Поврзани содржини