КАКО НАСТАВНИЧКА ОД СДСМ ПОБЕДИ ИНФОРМАТИЧАР НА ОГЛАСОТ НА АЕК? Стоилковски тврди дека партиската функција била пресудна
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да објасни дали зад максималниот број на поени за работа во АЕК и петте поени разлика од кандидатот информатичар, пресуден бил фактот што Емилија Костурски е член на ЦО на СДС и заменичка на екс-градоначалничката на Битола?
Не стивна скандалот со вработувањето на Бесмира Ејупи во МНР, антимакедонската СДСМ веќе вработи своја функционерка во АЕК за плата од 55.000 денари, изајви денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум стоилковски.
-Партиската функционерка на антимакедонската СДС, Емилија Костурски е вработува во АЕК за плата од 55.000 денари, на место соработник за информатички технологии, а доаѓа од позиција долгогодишен наставник во средното медицинско училиште во Битола.Антимакедонската СДС мора да објасни како Агенцијата за администрација оценува дека 56 годишната наставничка од медицинско училиште во Битола е посоодветна за позиција соработник за информатички технологии во АЕК, од 35- годишник со завршени информатички студии, којшто исто така конкурирал на огласот? Антимакедонската СДС мора да објасни дали зад максималниот број на поени за работа во АЕК и петте поени разлика од кандидатот информатичар, пресуден бил фактот што Емилија Костурски е член на ЦО на СДС и заменичка на екс-градоначалничката на Битола? – праша Стоилковски.
Тој оцени дека власта ненаменски ги троши праит од буџетот наместо да ја помогне сиромаштијата.
– Македонија тоне во кризи и во сиромаштија, а буџетот се користи за вработувања на партиските миленици на ДУИ и антимакедонската СДС. Половина милион граѓани живеат во сиромаштија, со енергетската криза предизвикана од криминал ја доведоа државата во банкрот, ама важно е кадарот на ДУИ и на антимакедонската СДСМ да биде ухлебен. Наместо да се занимаваат за струја, за гас, храна, млеко, наместо да се борат со растечката инфлација, тие го користат буџетот за вдомување на свои миленици во администрација и плата од празниот буџет.Ова почитувани мора да има крај и затоа се потребни итни тројни избори, парламентарни, претседателски и Референдум – рече Стоилковски.