Како најмалата банка оствари позитивни резултати и покрај коронакризата?
Тоа е резултат на остварените оперативни приходи во износ од 220,1 милиони денари и остварените оперативни трошоци во износ од 158,8 милиони денари.
Според информациите кои беа објавени на Македонската берза, во периодот од 1.1.2020 до 30.6.2020 година, преку своето редовно оперативно работење, ТТК Банка успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 61,2 милиони денари.
Тоа е резултат на остварените оперативни приходи во износ од 220,1 милиони денари и остварените оперативни трошоци во износ од 158,8 милиони денари.
„Во истиот период, исправката на вредноста на финансиските средства на нето основа изнесува 30,6 милиони денари. Финансискиот резултат за периодот јануари – јуни 2020 година изнесува 30,5 милиони денари (495.000 евра), што е за 26,2 милиони денари или 46,2 % понизок во однос на истиот период минатата година, како резултат, во најголем дел, од пониска капитална добивка од продажба на преземeни средства како и од падот на пазарната цена на портфолиото за тргување во изминатиов период – велат од банката.
Оттаму додаваат во споредба со Финансискиот план за 2020 година, кој е во согласност со првичните согледувања за последиците што ќе ги предизвика светската пандемија предизвикана од вирусот ковид-19, остварениот финансиски резултат го надминува очекуваниот резултат за 28,8 милиони денари.