КАКО НА ФОРМУЛА 1, ЛЕТАЛ СО АВТОМОБИЛОТ 250 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС Полицијата го уапси кај гевгелиското село Милетково

Полицијата му подготвува пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.

1,602

Полицијата синоќа уапси возач од Штип кој со своето БМВ возел 252 километри на час на автопатот „Пијателство“.

Станува збор за Г.Ј (36) од Штип. Тој според соопштението на полицијата е уапсен село Милетково, гевгелиско.






„При сообраќајна контрола полициски службеници констатирале дека Г.Ј. управувал патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 252 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 120 километри на час“, информираат од МВР.

Полицијата му подготвува пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.

Поврзани содржини