КАКО МОЖЕЛЕ ДА НЕ ГО ВИДАТ АТЕНТАТОРОТ НА НИСКИОТ КРОВ?! Напаѓачот ползел на помалку од 200 метри од Трамп
Самиот кров каде со снајпер ползел атентаторот бил оддалечен на помалку од 200 метри од подиумот, пишува Би-Би-Си.
Снимката на која се гледа како атентаторот на Трамп, 20-годишниот Томас Метју Крукс, чие име штотуку го потврди ФБИ, ползи на нискиот кров над подиумот на митингот во Пенсилванија ги запали социјалните мрежи. Луѓето бесни коментираат дека не е можно толку ниска точка на митингот на биде обезбедена и забележана од обезбедувањето.
Самиот кров бил оддалечен на помалку од 200 метри од подиумот, пишува Би-Би-Си.
Се појави сведок на атентатот на Трамп, човек по име Грег, кој за Би-Би-Си изјави дека се обидел да ги предупреди обезбедувањето за атентаторот што го видел на покривот, но дека никој не реагирал.
Претходно се појави видео од Крукс на кое тој е во автомобил и на камера вели дека ги мрази републиканците и Трамп.
How the hell was such an obvious line of sight not secured? pic.twitter.com/JuUBBC8xHi
— Beff – e/acc (@BasedBeffJezos) July 14, 2024