КАКО МЕРКО ОТВОРИЛ ПРИВАТНА ГРАДИНКА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ? Јована Мојсоска прашува дали добил дозвола од министерот Лимани

Градоначалникот во заминување, кој не отвори ниту една градинка во Струга, кој ја затвори една од трите градинки во Струга, кој го продлабочи проблемот со листи за чекање за упис во градинки, отвора приватна градинка на неговиот контроверзен универзитет, вели Мојсоска.

166

Јована Мојсоска, кандидат за градоначалник на Левица за Струга, му постави неколку прашања на премиерот Христијан Мицкоски, за кого вели дека дури и на митинзи за промоција на кандидати за градоначалници не пропушта да ја оцрнува Левица за некаква коалиција со ДУИ.

Како градоначалникот од ДУИ, прочуениот Рамиз Мерко отвори приватна градинка во мандатот на владата на Христијан Мицкоски, прашува таа.






– Дали министерот Фатмир Лимани има издадено дозвола за работа на оваа градинка, или таа работи незаконски – додека оние кои се должни да вршат надзор (Министерство за социјална политика и МОН) молчат? Градоначалникот во заминување, кој не отвори ниту една градинка во Струга, кој ја затвори една од трите градинки во Струга, кој го продлабочи проблемот со листи за чекање за упис во градинки, токму во мандатот на ДПМНЕ отвора приватна градинка на неговиот контроверзен универзитет, каде се тепаа дури и просветни инспектори. Таканаречен универзитет, за кој и министерката Јаневска изјавуваше дека се констатирани неправилности, но наместо санкционирање, на овој се универзитет отвори приватна градинка, додека стружани не можат ни да си дозволат упис и во обична градинка, камоли во приватна – рече Мојсоска.

Оттука, додава таа, се поставува прашањето дали Мицкоски е во коалиција со најкримогените елементи на ДУИ во Струга?

Поврзани содржини