Кралицата Елизабета сè уште е во карантин во замокот Виндзор, а „Дејли мејл“ откри како го поминува времето.
Елизабета Втора го поминува своето време читајќи весници и во разговар со остатокот од семејството преку видеоповик, а заради пандемија таа ретко излегува надвор. Нејзиниот градинар истакнал дека кралицата е воодушевена од птиците за кои се грижи додека е во самоизолација, а поради тоа што не оди на јавање, се забавува со други хобија.
Нејзините вработени велат дека најмногу јавањето коњи најмногу ѝ недостасува.
Како што јавуваат британските медиуми, Елизабета Втоа ужива во друштвото на својот сопруг и тие одлично се согласуваат.
Остатокот од кралското семејство е исто така во самоизолација. Принцот Чарлс сè уште е во Шкотска со сопругата Камила Паркер-Боулс, а сите кралски должности во моментот ги извршува принцот Вилијам.